Меџити: Европскиот фронт се расцепкува
Вицепремиерот Изет Меџити во врска со политичките случувања во државата и потребата за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори во текот на 2025 година истакна дека не гледа никаква потреба од одржување на двојни избори.
Според Меџити, Владата има амбициозна Програма пред себе и за тоа има добиено поддршка од 78 пратеници, кои за брзо може да станат и 80 пратеници. Меџити потенцира дека ВРЕДИ не стравува од избори, но мисли дека овие теми се дневна политика за задржување на вниманието на членството на ДУИ кое секојдневно ги напушта.
Во оваа прилика претседателот на Демократско движење Изет Меџити истакна: „Полека но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува. Едниот лево, другиот десно. Активностите ги прават поединечно. ДУИ на една страна, ДПА некаде, Алијанса на друга страна. На пресовите се поделини и кога излегуваат во јавност не знаат како тоа да се прикаже дали како Европски фронт или како политички партии“, изјави Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа