Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откажан најавениот протест на превозниците на границите со ЕУ
    • Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството
    • Јаневска: За една недела сите ученици од „Киро Глигоров“ ќе се вратат со физичко присуство
    • Приведен прилепчанец во Охрид: При претрес во станот во кој престојувал пронајдена марихуана
    • Савески за „Пулс“: Траењето на притворот е регулирано со закон и со максимални рокови
    • Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат
    • Лукаревска побара одговорност од Јаневска за хаосот со наставата во ООУ „Киро Глигоров“
    • Мицкоски: Предвремени избори ќе има само ако ги бара опозицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Ме нарекуваа убиец, а обвинителството ја кажа вистината“: Филипче бара извинување од Мицкоски за модуларните болници

    „Ме нарекуваа убиец, а обвинителството ја кажа вистината“: Филипче бара извинување од Мицкоски за модуларните болници

    21.08.2026 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш.

    Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое работење секаде, дали на клиника во интерес на пациентите некорумпирано, така и во рамките на другите функции кои што сум ги имал, се во интерес на граѓаните без никаква штета по никого.

    Меѓутоа на Христијан Мицкоски и на неговата организирана криминална група, на главниот ПР советник Латас, им требаше убиец.

    Пет години зборат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор
    Менгеле, замислете, јас што спасувам животи, за кој што здравјето на граѓаните ми е на прво место, не престанаа. Не престанаа ни вчера, после одлуката на овинителството, излегоа некои млади членови на криминалната група, го продолжија тоа, денес премиерот исто така на  прес-конференција.

    Јас после пожарот во Тетово поднесов оставка, како морален човечки чин.

    Денес гледаме како кога има толку заразени луѓе, кога тоа се случува со загадената вода во Гостивар, Христијан Мицкоски оди на екскурзија. Денес повторно си игра со чувствата на луѓето, повторува неколку пати на прес-конференција, живи и изгорени луѓе и така натаму, и јас сега тоа нема да го правам споредба.

    Нема поради тоа што сум човек, имам емпатија и сочувствувам, а може да споредувам со други случаи, а тоа доволно говори само за тоа каков човек е Христијан без сочувство, без срам, без жал.

    Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал.

    Да се извини и на граѓаните, затоа што пет години шират лажни вести. Затоа што го загадуваат јавниот простор со несоодветен наратив. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа.

    И ќе завршам со следното, нешто што повеќе пати го кажувам, после следните избори доаѓа правдата во Македонија, и Христијан Мицкоски и криминалната група за сè што прават овие изминати две години ќе одговараат. Никола Груевски избега, Христијан нема да избега.

    Прочитај повеќе

    Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат

    11.09.2026 во 13:00

    Лукаревска побара одговорност од Јаневска за хаосот со наставата во ООУ „Киро Глигоров“

    11.09.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.