Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против У.М.(35) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 03.08.2025 во угостителски објект во Виница, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле службени дејствија.