Мајка од Скопје синоќа пријавила во полиција дека нејзините две малолетни деца биле физички нападнати. Според пријавата, 15-годишниот син и 14-годишната ќерка биле нападнати од машко лице на подрачјето на Центар.
Нападот се случил околу 18:30 часот, а бил пријавен два часа подоцна.
„На 31.10.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје, И.С.(36) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот 15-годишен син и нејзината 14-годишна ќерка биле физички нападнати од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

