Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Подготвуваме препораки за здрава исхрана на учениците
    • Ѓорѓиевски во посета на Карпош: Дивата депонија се претвора во нов мега-парк од 86.000 квадрати
    • СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра
    • Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт
    • Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Кристи Пајк се освести и почна да зборува – единствената личност во САД која преживеа смртна казна
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Маржите под лупа: Денеска разговори за цените на основните производи

    Маржите под лупа: Денеска разговори за цените на основните производи

    20.07.2026 во 08:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за економија и труд денеска ќе одржи состанок со производителите и дистрибутерите, на кој ќе се разговара за набавните и продажните цени на основните производи.

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет во четвртокот, информираше дека контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени кај повеќе од 700 производи, покажале дека во периодот од мај 2025 до мај 2026 година просечните набавни цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемиле за 2,66 проценти, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56 проценти.

    Според Дурмиши, овие податоци укажуваат дека дел од растот на малопродажните цени произлегува од зголемените бруто-профитни маржи кај дел од трговците.

    „Кога набавните цени се намалиле, дел од трговците не ги намалиле и продажните цени, туку ги задржале или зголемиле своите маржи“, изјави министерот.

    Тој посочи и дека инфлацијата во јуни е намалена за 0,5 проценти. Цените на храната и безалкохолните пијалаци се намалиле за 1,1 процент, а на транспортот за 1,6 проценти.

    Дополнително, најновата анализа за периодот од март до јуни 2026 година покажува поинаков тренд. Во тој период набавните цени се зголемиле за околу 2,04 проценти, додека продажните цени пораснале за само 0,16 проценти.

    Според Дурмиши, тоа укажува дека во последните месеци е забавен растот на бруто-профитните маржи и дека цените влегуваат во постабилна фаза. Тој нагласи дека најголемото зголемување на маржите е забележано во текот на изминатата година, додека во периодот од март до јуни годинава нивниот раст изнесува само 0,16 проценти.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември

    07.10.2026 во 13:09

    Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија

    07.10.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.