Маричиќ не мисли на оставка: Поголема е одговорноста на одредени личности или структури коишто се обидоа да ја нарушат државната стратегија

 

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска имаше заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во однос на одговорноста вицепремиерот Маричиќ рече дека за секоја држава е важна заштитата на јазикот и идентитетот и достоинствено да чекори на патот кон ЕУ, секако имајќи ги предвид добрососедските односи како битен критериум којшто ни е ставен во рамката, односно во критериумите за пристапување кон ЕУ.

– Во таа смисла наша одговорност беше и наша одговорност е да се грижиме за овие работи, простор за одговорност надвор од ова не гледам и мислам дека многу поголема е одговорноста на одредени личности или структури коишто се обидоа да ја нарушат државната стратегија со своето пренесување на вести или пак информации до политички партии, до медиуми коишто беа ниту проверени, ниту конечни, со цел да се креира една таква атмосфера. Ние кажавме дека е важно овој процес да го водиме мудро и кажа министерот дека ни било дел од стратегијата да ги соопштиме нашите ставови на Самитот, а претходно е комуницирано со нашите партнери, рече Маричиќ.

24.06.2022 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега