Маричиќ на средба со Ветингтон: Реформите и позитивните промени во државата се заеднички успех

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска оствари средба со Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), придружуван од Илина Мангова, раководителка на програмата на ИРИ во Северна Македонија.

На состанокот беа отворени теми за актуелни прашања на домашен и меѓународен план, за статусот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, но и за можностите за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на мисијата и активностите на Институтот.

Маричиќ упати благодарност до претставниците на ИРИ за континуираната поддршка што Институтот ја обезбедува за нашата држава во реализирањето на европската реформска агенда, како и за постигнатиот демократски напредок, нотиран и во Извештајот на Европската Комисија.

- Во изминатите години направивме многу крупни чекори за постигнување опипливи и одржливи резултати во европската реформска агенда. Имаме позитивен напредок и видливи резултати во реформите, нотирани и во меѓународните извештаи и во Извештајот на ЕК. Нашата стратешка цел, процесот на евроинтеграциите, е моторот на реформските активности, фокусирани на европските вредности и стандарди дома, за чија реализација важна улога и голем придонес има поддршката од нашите партнери, а еден од нив е и Меѓународниот републикански институт, рече Вицепремиерот Маричиќ, нагласувајќи дека заедничка задача е продолжат во остварувањето на уште повеќе позитивни општествени промени.

Делегацијата на  ИРИ предводена од Олин Ветингтон,  ја нагласи заложбата за продолжување на досегашната соработка во областите од стратешка важност и поддршката за проектите кои ќе значат приближување на земјата кон ЕУ.​

12.04.2022 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега