Маричиќ – Ландсбергис: Европските вредности се ставени на тест, очекуваме брз старт на преговорите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес се сретна со Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

На средбата разговараа за европската перспектива на земјава и регионот во овој период, како и за разговорите со Бугарија со цел отстранување на ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

- Членството во ЕУ е стратешка определба на Северна Македонија и ние како Влада сме посветени на реализација на европските стандарди и правила, посочи вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека доколку не се успее во скоро време да се дојде до договор со Бугарија за отстранување на ветото за очекување е да се зголеми евроскептицизмот помеѓу граѓаните.

Вицепремиерот Маричиќ министерот Ландсбергис се согласивме дека големи се очекувањата од Комисијата и француското претседателство и дека во следниот период ќе ги преземат неопходните чекори во насока на унапредување и отворање на процесот.

Низ пријатен разговор со министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, Маричиќ го потврди партнерскиот однос и се осврна на заедничките проекти кои ги спроведува Секретаријатот за европски прашања заедно со Литванија и се договорија за продлабочување на соработката преку давање на експертска и финансиска поддршка за унапредување на нашата реформска агенда, со цел побрзо приближување на земјата до европската легислатива и стандарди.

 

03.05.2022 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега