Маричиќ: Имаме поддршка од Луксембург, докажан пријател на нашата земја

Имаме поддршка и од Луксембург, докажан пријател на нашата земја и поддржувач на нашите евроинтеграции, напиша на Фејсбук вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ по денешната средба со нерезидентниот амбасадор на Големото војводство Луксембург, Филипе Донкел.
 
На средбата, на која присуствувал и почесниот конзул на Луксембург во нашата држава Петар Арсовски, како што наведува Маричиќ, станало збор за повеќе актуелни теми.
-Донкел е добар познавач на состојбите во регионот и пријател на нашата земја, кој верува дека почетокот на преговорите на Северна Македонија и на Албанија со Европската Унија е во функција не само на стабилноста на Западен Балкан, туку и на ЕУ и дека сега е моментот за тоа. Оценивме дека нашата земја ги негува европските вредности и дека е кредибилен партнер на Европската Унија. Зборувавме и за очигледниот напредок во спроведувањето на реформите, што се согласивме дека треба да биде почитувано и валоризирано со отворање на преговорите со Луксембург. Двете пријателски земји имаме одлични билатерални односи и соработка, за која со амбасадорот Филипе Донкел ги разгледавме и можностите на нејзино интензивирање и унапредување на сите нивоа, особено во делот на поддршка во реализацијата на европската реформска агенда, напиша Маричиќ на Фејсбук.
06.04.2022 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега