Манчестер Јунајтед и Виљареал ќе играат во финалето на Лига Европа

Манчестер јунајтед и Вилјареал ќе играат во финалето од Лигата на Европа, откако и во реванш полуфиналните дуели беа поуспешни од своите противници.

Вилјареал го преживеа Лондон, по триумфот од 2-1 на домашен терен против Арсенал. На реваншот шпанскиот тим успеа да издржи меч без голови против „топчиите“ доволен за пласман во финалето.

Рома триумфираше победа со 3-2 против Манчестер Јунајтед. По онаа прва победа од 6-2 на „црвените ѓаволи“ во првиот меч се знаеше веќе финалистот.

Манчестер јунајтед поведе на реваншот во Рим со голот на Кавани во 39. минута.Но, со головите на Џеко во 57. минута и Кристанте во 60. минута „волчицата“ дојде до пресврт.

Откако израмни Кавани со својот втор гол, Залевски во 83. минута ги постави конечните 3-2.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега