Close Menu
    Најново

    ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија

    30.12.2025 во 19:21

    Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор

    30.12.2025 во 19:13

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица ги кани верниците на одбележувањето на втората манастирска слава

    Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица ги кани верниците на одбележувањето на втората манастирска слава

    25.09.2025 во 20:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, подготвен е за одбележување на втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден и ги кани верниците на одбележување на славата.

    -Одбележувањето почнува утревечер, 26 септември, во предвечерието на празникот, со свечена и празнична вечерна богослужба, која почнува во 18 часот, на која молитвено ќе претстои Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј. На крајот на богослужбата, проследен од стиховите на празничниот тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното Дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот, објави Бигорски манастир.

    Се додава дека следниот ден, 27 септември (сабота), денот на празникот, во 7:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од Утрената, од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир. После чинот на Воздвижението на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на Господ Исус Христос.

    Во 9 часот почнува Светата архиерејска Златоустова Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј.

    -Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме Чесниот Крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови Тајни, се наведува во објавата.

    Манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ е женски манастир и се наоѓа на околу два километра оддалеченост од Дебар. На одбележувањето, традиционално се очекува присуство на голем број верници од повеќе градови од државава, како и поранешни жители на Рајчица и нивни потомци, кои сега живеат во Дебар. 

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.