Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: За две години владеење обезбедивме рекордни инвестиции

    Манасиевски: За две години владеење обезбедивме рекордни инвестиции

    24.06.2026 во 18:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, оцени дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години успеала да ја стабилизира државата и да постави основа за економски раст, инфраструктурен развој и технолошка модернизација.

    „Точно две години ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата на Република Македонија и претседателот Мицкоски. Ако паметиме како започнавме, од еден хаос, од едно безредие, од празни буџети, долгови, непочитување на законите, ние успеавме да дојдеме до едно стабилизирање. Како што дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со ребалансот на буџетот за тогашната, 2024 година се исплатија сите плати на оние вработени во јавната администрација, во јавниот сектор, кои што со месеци немаа добиено плата. Ги поставивме на еден начин темелите на промените и оттогаш па навака работиме да Македонија забрзано оди напред во делот на економијата, во делот на инфраструктурата, во делот на дигитализацијата, образованието“, рече Манасиевски.

    Манасиевски нагласи дека во втората половина на 2024 година биле регистрирани рекордни странски директни инвестиции, што, како што рече, претставува потврда за довербата на инвеститорите во економските политики на Владата. Осврнувајќи се на инфраструктурните проекти, Манасиевски посочи дека во моментов се работи на четири автопатски делници, Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид.

    „Само што дојдовме ние на власт, во втората половина на 2024 година забележавме рекордни над една милијарда и двеста педесет милиони евра странски директни инвестиции. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се раководи онаа економска политика. Еве сега седум квартали по ред ние имаме над три проценти раст на бруто домашниот производ. Во моментов се работи на четири автопати, тоа се Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид.Во следниот период очекуваме да се започне со работа и на Скопје-Блаце, на Букојчани-Кичево, а во процес на проектирање, физибилити студија и избирање на изведувач се патиштата Кочани-Виница-Делчево и како што најави премиерот за експресниот пат Струмица-Радовиш“, вели Манасиевски.

    Во своето излагање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски се осврна и на процесот на дигитализација, посочувајќи го проектот за национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“, кој, според него, ќе ја позиционира Македонија во европската мрежа на центри за вештачка интелигенција.

    „Претседателот Мицкоски заедно со министерот Андоновски го започнаа проектот за национална фабрика за вештачка интелигенција Везилка, што значи дека Македонија се надоврзува со модерната технологија. Стануваме дел од европска мрежа на центри за вештачка интелигенција којашто добива пристап до најсовремената инфраструктура за развој на вештачка интелигенција и која ќе се овозможи на домашните истражувачи, на универзитетите и компаниите да развиваат конкурентни иновации и дигитални решенија, и многу клучно е овде што тоа ќе биде на македонски јазик“, истакна Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.