Изјавата на првиот синдикалец Слободан Трендафилов дека „сите се здружиле против оваа влада“, за ВМРО-ДПМНЕ е крунски доказ дека зад синдикалните протести стојат опозициските партии СДС и Левица.

„Во гостување на една телевизија, на Трендафилов му се промакна изјава која не требаше да ја каже. Ова докажа дека протестите се политички инструирани“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски упати критика дека ССМ бил тивок во минатото.

„Тоа што СДС ја покраде државата и остави прашина во касата, на Трендафилов и на ССМ не им пречеше, не се жалеа и не бараа повисоки плати. Кога ја наследивме власта не почнавме од нула, туку од голем минус“, реагираат од партијата, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го крева стандардот според реалните можности.

Exit mobile version