Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати жестоки критики до раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според него, поради „политичката заробеност“ на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски од страна на СДС, административните службеници останале без ветеното зголемување на платите.

Манасиевски тврди дека синдикалците одбиле покачување од 40% за администрацијата, што во реални бројки значело минимум 10.000 денари повисока плата во следните две години.

„Доколку овој предлог на Владата беше прифатен, минималната плата за административците ќе изнесуваше 36.000 денари во 2028 година. Единствен услов беше потпишување на нов и јасен колективен договор, бидејќи сегашниот е истечен и нејасен“, изјави Манасиевски.

Exit mobile version