Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и неговиот претседател Слободан Трендафилов. Според Манасиевски, синдикатот работи по директни насоки на СДС, наместо да ги штити правата на работниците.
„На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДС. Поврзаноста не е од денес, туку од поодамна. Впрочем, СДС преку Јованка Тренчевска го постави Трендафилов за претседател. Тие се вклучуваат како на приклучок кога СДС е во опозиција, а се исклучуваат кога се на власт“, истакна Манасиевски.
Тој потсети на периодот кога СДС беше на власт, нагласувајќи дека тогаш ССМ молчел за инфлацијата од 20% и националните предавства, додека денес, при инфлација од 3% и зголемени плати, синдикатот вештачки крева тензии.

