Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората

    08.07.2026 во 09:23

    СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората

    08.07.2026 во 09:19

    Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија

    08.07.2026 во 09:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората
    • Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија
    • Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место
    • Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција
    • Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата
    • УХМР издаде метео-аларм за силен ветер – Попладне невреме во Македонија
    • Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Новите лица на Филипче се старите кадри на Заев со кои СДСМ ќе падне под 100.000 гласови

    Манасиевски: Новите лица на Филипче се старите кадри на Заев со кои СДСМ ќе падне под 100.000 гласови

    20.12.2025 во 13:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Новите лица“ во тимот на Венко Филипче се всушност старите и компромитирани кадри на Зоран Заев, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција, партијата посочи дека именувањето на луѓе како Александар Наумоски и Драган Крајовски во новото раководство е доказ дека СДСМ не нуди никаква промена, туку само рециклирање на неквалитетни и некомпетентни функционери по диктат на поранешниот лидер Заев. Според ВМРО-ДПМНЕ, со ваков кадровски потенцијал, опозициската партија на следните избори ќе освои помалку од 100.000 гласови.

    Манасиевски потсети на владеењето на Александар Наумоски како градоначалник на Ѓорче Петров, истакнувајќи дека тој е запаметен по зголемувањето на сопствената плата и купувањето на луксузно БМВ Х5 со познатата изјава „нема со магариња да патуваме“, додека граѓаните се соочувале со проблеми со водоснабдување и недостиг на градинки. За Наумоски беше посочено дека реализирал само 6,6 отсто од ветените проекти и дека за време на ковид-кризата потрошил 180.000 евра за партиски вработувања наместо за здравјето на граѓаните.

    Вториот посочен кадар, Драган Крајовски, поранешен директор на затворот „Црн мост“ во Битола, според ВМРО-ДПМНЕ е „неуспешен адвокат“ поставен од Заев, кој се поврзува со лошо менаџирање на европски фондови и прикривање на инциденти во затворот. Манасиевски истакна дека Крајовски важи за близок човек на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, и е под истрага за злоупотреба на службени возила за приватни патувања во странство. Заклучокот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Филипче само ги собира „остатоците од Заев“ бидејќи така му наложил неговиот ментор.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората

    08.07.2026 во 09:23

    СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората

    08.07.2026 во 09:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.