Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок
    • Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана евроинтеграција
    • Неполн месец по вселувањето – вода протекува низ ѕидовите во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
    • ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати
    • Шокантен инцидент во Малезија: 16-годишен ученик со секира нападна наставничка, нападот го пренесувал во живо на интернет
    • Сали со Боланд за учеството на граѓаните и социјалните партнери во европската интеграција
    • Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари
    • Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Молкот на СДСМ е потврда за криминал со 2000 тони жито вреден 800.000 евра

    Манасиевски: Молкот на СДСМ е потврда за криминал со 2000 тони жито вреден 800.000 евра

    01.12.2025 во 12:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, од СДС нема ниту осуда ниту оградување, истакна Манасиевски.

    „Напротив, тие влегоа во штитење на овој криминал на нивниот ментор Заев и учениците Филипче и Николовски.

    Зошто СДС го брани овој криминал вреден близу 800.000 евра? Дали оваа пченица и јачмен преку посредници има достигнато двојна цена на црн пазар во соседна држава? Дали ова трио на Заев, Филипче и Николовски, се има добро нафатирано, а жртвеното јагне во случајот е Димковски?

    Итрината оди дотаму да по само некое време, тогашната влада мислејќи дека ќе го покријат за нив, ситниот криминал, потпишале 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица. И ова, СДС пробува да го штити.

    Знаеме дека во СДС останаа неколкумина во врвот кои се продолжена рака на Заев и Филипче. Се додека овие луѓе не заминат, СДС ќе има полн багаж зад себе“, посочи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување

    22.10.2026 во 16:48

    Сиљановска-Давкова утре во Будимпешта на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција

    22.10.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.