Close Menu
Press24
    Најново

    Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете

    10.06.2026 во 08:38

    Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”

    10.06.2026 во 08:35

    Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми

    10.06.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете
    • Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски

    Манасиевски: Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски

    21.09.2025 во 12:312 Mins Read
    Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешна прес-конференција обвини дека пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, можеби извршувала незаконска дејност ако навистина работела како сметководител на својата партија додека била активен пратеник.

    Обраќајќи се пред медиумите, Манасиевски изјави дека Левица вчера индиректно ги потврдила информациите изнесени од, како што рече, свиркачи од внатрешноста на партијата, дека раководството подигало средства од партиската сметка за лични или нецелосно објаснети намени.

    „Вчера, од Левица на прес-конференција се излетаа и признаа дека информациите кои ги добивме се вистинити. А денес ја прашуваме Мојсоска, која самата изјави дека била сметководител на Левица – дали знае дека тоа е спротивно на законот?“, запраша Манасиевски.

    Тој се повика на повеќе одредби од Законот за пратеници, потенцирајќи дека функцијата пратеник е неспојлива со вршење на дејности со профитна цел, вклучувајќи и сметководствени услуги.

    „Функцијата пратеник се врши професионално, без право на вршење други професии или јавни функции што се во судир со законот. Ако Мојсоска навистина вршела сметководствени услуги – тоа е прекршување“, нагласи Манасиевски.

    Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија Левица дека „зад параванот на чесност и скромност“ стојат нетранспарентни финансиски активности, кои, според нив, се финансирани директно од Буџетот на граѓаните.

    „Ова е вистината од која Левица бега. Мојсоска и Левица се прочитани. Вакви луѓе немаат место во иднината на македонската политика“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”

    10.06.2026 во 08:35

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.