Правдата во правосудството е ставена во втор план кога трагата на криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
„Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.“
Според него, со години дел од корумпирани судии и обвинители примената на законот ја делеле во зависност од политичката поврзаност, порачувајќи им на „старите центри на моќ“ дека тоа време заврши.
„Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага.“
Манасиевски истакна дека довербата во правосудството е на дното и побара еднаква одговорност и владеење на правото за сите.


