Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев

    Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев

    24.12.2025 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40катница во Дубаи, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи, вели Манасиевски.

    „Ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности.

    Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам:

    ,,Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра”.

    А, сега Ве замолувам да го проследиме и видео записот.

    Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко, и тоа лично за Зоран Заев.

    Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДС?

    Вистината излегува на виделина. Правда мора да има!“, посочи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20

    Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.