„СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината. Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт.“

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција, отворајќи ги прашањата за поранешните управувања со институциите и реакциите на тогашната власт во врска со квалитетот на водоснабдувањето.

Портпаролот на владејачката партија повикувајќи се на архивските документи од минатите години, рече дека проблемите со небезбедната вода во Гостивар биле евидентирани во повеќе наврати, обвинувајќи ја тогашната владина структура за недостаток на реакции и сокривање на информации од јавноста.

„На 15.09.2022 година имаме извештај во кој пишува дека водата не е безбедна за пиење, а ова е за Гостивар. На ден 07.10 месец подоцна, истата година 2022, додека СДС беше на власт, исто така водата не била безбедна за пиење, но тие не им кажале на граѓаните дека таа не треба да се конзумира. Два месеци подоцна, 17.12.2022 повторно не е безбедна за пиење поради зголемен број на колиформни бактерии. Ова е време кога сдс е на власт. 21.12 истата година Гостивар. Одиме понатаму.“

Во продолжение на своето обраќање, Манасиевски нагласи дека граѓаните биле оставени без навремени предупредувања во текот на летните и есенските месеци од претходните години, поставувајќи прашања за одговорноста на поранешните функционери.

„Граѓаните заслужуваат вистина и одговорност, а не политичко лицемерие. Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, а опозицијата треба да одговори зошто молчела кога се соочувале со идентични проблеми.“

Exit mobile version