Цената на дизелот се згоелмува за 1 денар по литар и од полноќ ќе се продава за 99,5 денари. Бензините поевтинуваат за 2 денари и тие од полноќ ќе се точат за 91, односно 93 денари за литар.
Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и
ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Во моментов дизелот има највисока цена во последните 3,5 години и се продава за Последен пат поскап дизел сме имале на почетокот на ноември 2022та додека неговата највисока цена во историјата е регистрирана пред 4 години кога се продаваше и за 111 денари по литар. Во истиот период најскапо се продаваше и бензинот кој тогаш се точеше за 110 денари.
На светските берзи, суровата нафта од типот Брент во моментов се движи нешто под 85 долари за барел што е значително поевтинување откако во текот на минатата недела се тргуваше по цени кои надминуваа 93 долари. Владата за оваа недела најави нова анализа на цените по што ќе се носи одлука за евентуално воведување на мерки.
- СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените
- На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
- Стојаноски: Македонија лидер во регионот – Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%
- Ангелов и Јанчев од Кавадарци: Најтешкиот пожар во државата е под целосна контрола, следи целосно гаснење
- СДСМ: Мицкоски повторно лаже – нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин
- Инспекторите ги тресат локалите во Карпош: Паднаа големи казни
- ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
- Скоро 80 пациенти побарале помош во Гостивар поради водата: МЗ со детали


