Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.
Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.
Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.