Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

    Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

    25.09.2025 во 13:322 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?, праша на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој посочи дека по информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ.

    -Ангажманот на сопругата на Исмаил како таков не е проблематичен, туку е контрадикторен со ставовите на Левица, бидејќи тие се против договорите со Грција и Бугарија, а таа била дел од преговорите во тимот на Заев, односно на СДС и ДУИ, кои ги потпиша овие срамни договори на штета на македонскиот народ.

    Оттука се поставува прашањето, дали Левица и Реџеп Исмаил го делат истото мислење? Дали Реџеп Исмаил пред јавноста вели дека е против договорите со Грција и Бугарија, а во позадина ги одобрува овие договори? Дали Реџеп Исмаил е против ЕУ и НАТО или тоа е само маркетиншки трик за во јавноста? И најважно, дали со ова се потврдува коалицијата на СДС, ДУИ и Левица?

    Левица и со ова потврдува дека и во раководството изгледа сите не го делат истото мислење. Додека Апасиев се труди од петни жили да каже дека договорите со Бугарија и со Грција се штетни, Исмаил истите ги одобрува и поддржува.

    Лицемерието и дволичноста на Левица и на Исмаил повторно се докажува. По ова јасно е дека тие се интересираат само за нивните цели, а не за македонскиот народ, вели Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.