Малолетник прегазен од мотор, возачот побегнал од местото

Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил прегазен од мотор.

МВР известува дека во вчера во скопската населба „Ѓорче Петров“ околу 19:30 часот, било пријавено дека патничко моторно возило удрило во малолетник и избегало од местото.

 -Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели полицијата.

06.06.2023 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега