Малолетник физички нападнат пред училиште во Куманово

 


Триесет и шестгодишна жена од Куманово вчера пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат пред основно училиште.

Вчера во 14.10 часот во СВР Куманово, Б.Н.(36) пријавила дека пред основно училиште во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

25.10.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега