Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и САД со Иран нема да го промени надворешнополитичкиот фокус на Париз кога станува збор за руската агресија врз Украина. Ова го потврди францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку социјалните мрежи испрати јасна порака дека Франција останува доследна на своите стратешки приоритети.

„Остануваме на курсот”, напиша Макрон на платформата Икс (поранешен Твитер).

Тој нагласи дека Франција нема да се откаже од поддршката за Киев и покрај глобалното внимание кое моментно е свртено кон војната на Блискиот Исток, потсетувајќи дека руската агресија во Европа сè уште трае.

Дека Париз активно дејствува против руските интереси покажува и најновиот инцидент во западниот дел на Средоземното Море. Француската морнарица успешно пресретна нафтен танкер за кој се верува дека е дел од таканаречената руска „флота во сенка”. Според изјавите на официјалните лица, бродот испловил од руското пристаниште Мурманск и постоело основано сомнение дека оперира под лажно знаме. Поради овие сомнежи, француските воено-поморски сили извршиле упад и се качиле на пловилото за да извршат проверка.

Exit mobile version