Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба

    Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба

    09.07.2026 во 09:092 Mins Read
    Македонски Концепт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата, се вели во соопштението од МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ .

    -Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата. Референдумското изјаснување во 2018 година се темелеше токму на таквите „ЕУ гаранции“, кои сега магично исчезнаа. Со тоа, паѓа во вода наративот дека болните и длабоки национални отстапки направени во минатото биле неопходни затоа што претставувале сигурен пат кон европското членство, велат од МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ.

    Додаваат дека Македонски Концепт отсекогаш предупредуваше дека секој меѓународен договор мора да биде заснован на принципите на реципроцитет, правна сигурност и меѓусебна доверба. Процес во кој едната страна, Македонија постојано презема нови обврски, а другата ЕУ не нуди никаква извесност за конечниот исход, не претставува стабилно партнерство, туку процес кој природно ја поткопува довербата на граѓаните. Нашата стратешка определба останува полноправното членство во Европската Унија. Но, европската интеграција мора да биде процес заснован на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, а не на постојано отворање нови политички условувања без јасен крај.

    -Штом ЕУ официјално ги повлекува гаранциите од Преспанскиот договор, тогаш сосема легитимно е Македонија да ја тргне „северна“ од внатрешна употреба, токму согласно одредбите на тој договор. Бараме Владата итно да преземе чекори во таа насока. Во рамки на владината Коалиција „Твоја Македонија“ во која партиципираме, ова ќе биде отворено прашање од наша страна. Македонија заслужува чесен и предвидлив европски процес. Само така може да се обнови довербата на македонските граѓани во европската идеја, стои во соопштението.

    Just In
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.