Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник
    • Ниски температури на стартот на денот – УХМР со временска најава
    • Проверете го срцето бесплатно: Превентивни прегледи денеска во „Дајмонд мол“
    • Татко од Скопје пријавил во полиција: Малолетната ќерка нападната од момчето
    • Презентација на резултатите од проектот за заштита на жените од насилство
    • „ЗОО приказни“ ги носи децата поблиску до животните
    • Предизвиците со бездомните кучиња во Кичево пред локалната заедница
    • Скопје домаќин на четиридневниот форум „Европски дијалози“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската пејачка распали по кризата во Гостивар: „Браво, топ тема сме, а што ќе се случи со пластичните шишиња”

    Македонската пејачка распали по кризата во Гостивар: „Браво, топ тема сме, а што ќе се случи со пластичните шишиња”

    24.07.2026 во 08:48Updated:24.07.2026 во 08:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ружица Милошеска Брчиоска, македонската пејачка од групата “Ареа„ се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, за загадената вода во Гостивар.

    ФОТО: Ружица, Фејсбук, Приватна Архива

    Македонската поп-рок пејачка и членка на групата “Ареа„ која и самата е од Гостивар, праша што ќе се случи со пластичните шишиња во кои се носи вода.

    -Чистата вода што се дистрибуира до гостиварчани е добредојдена, поточно само со неа деновиве функционираме, но што ќе се случи со илјадниците празни пластични шишиња што сега се собираат во домаќинствата и кои по завршување на кризата со загаденава вода (посакувам што побрзо да заврши) ќе се расфрлаат насекаде?

    Би требало уште сега да се спроведе акција за собирање на пластика на одредени пунктови, зашто многу лесно, знаејќи си ја културата, шишињата може да се најдат во Вардар и да предизвикаме ново загадување на животната средина.

    Дали општината има некаков план за ова, а ако не тогаш еколози ајде вклучете се, предлагајте!, напиша таа на Фејсбук.

    Таа и претходно иронично се огласи за кризата во Гостивар.

    -Гостивар топ тема сме,

    Еднаш и ние да сме центар на внимание, заслужено, браво. Вакво решение за зголемување на притисокот во градскиот водовод на секого не може да му текне. Мене да си признаам дури ни на сон не би ми текнало.

    А плус си имаме гостиварски вирус што само тука си вирее, а се добива од гостиварската храна и од високите летни гостиварски температури што ги нема на друго место. Па така цел град е со симптоми на овој Гв вирус кој не може да се прошири во ниту едно друго место.

    Нека ни е со помин, напиша пејачката.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник

    29.09.2026 во 08:34

    Ниски температури на стартот на денот – УХМР со временска најава

    29.09.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.