Полициски службеници од СВР Тетово вчера, 17 септември, привеле две лица поради сомнение дека сториле кривични дела поврзани со тешки кражби.
Во 12 часот во село Порој бил лишен од слобода 27-годишниот С.К. од селото, додека во 14:50 часот во Тетово бил приведен 19-годишниот А.Ц. од градот.
Според пријавеното, С.К. се сомничи дека во ноќта меѓу 15 и 16 септември со употреба на сила влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на 52-годишниот И.О., од каде што одзел пари и повеќе производи.
Во вториот случај, 55-годишна жена од Тетово пријавила дека А.Ц., со закана, од нејзиниот малолетен син одзел пари.
Двете лица биле задржани во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

