Close Menu
    Најново

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

    30.12.2025 во 21:03

    Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината

    30.12.2025 во 20:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонска пиперка со забранет пестицид „Метомил“ стигна до Хрватска: ДИЗ и АХВ вршат контроли

    Македонска пиперка со забранет пестицид „Метомил“ стигна до Хрватска: ДИЗ и АХВ вршат контроли

    07.10.2025 во 14:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во врска со информацијата за небезбеден земјоделски производ – црвена пиперка извезена од Македонија во Хрватска, од Државниот инспекторат за земјоделство информираат:

    „Согласно Нотификациите од RASFF sistemot na EU за утврдени неправилности во свежи земјоделски производи (црвена пиперка), Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за Храна и Ветеринарство, а согласно овластувањата кои ги имаат од Законот за Фитофармација и Законот за безбедност на храна, во заеднички контроли се вршат надзори кај извозникот , откупувачите и индивидуалните земјоделски производители. Според официјалното известување добиено од Хрватска во земениот примерок утврдено е присуство на активна материја Methomil во количина од  0,049 mg/kg – ppm. Пратката со свежа црвена пиперка  e извезена на 09.09.2025 г., а после извршената контрола која се врши на Граничниот премин при влез во Хрватска не е запрена, и на истата и е дозволен влез во Хрватска. Примерокот  за анализа е земен на 23.09.2025 год. од малопродажната мрежа, а информацијата од RASFF sistemot е добиена на 03.10.2025 г  . Пиперките не се вратени во Македонија, но немаме информација за постапувањето на Хрватските инспекциски служби , дали пиперките се повлечени од продажба или уништени.

    Станува збор за количина од околу 15.000 кг. , при што извозникот не е производител на пиперката, туку истата ја има купено од други правни субјекти кои пак вршат откуп од индивидуалните производители. Извозникот има извршено повеќе лабораториски анализи за присуство на пестициди во црвена пиперка од почетокот на берба на годинешната реколта при извоз и продажба, и тоа во акредитирани лаборатории во земјата и во други држави, и до овој момент нема добиено резултати за зголемено количество на резидуи од фитофармацевтски производи или присуство на недозволени фитофармацевтски производи.

    Согласно овластувањата од Законот за Фитофармација, државните фитосанитарни инспектори вршат редовни и вонредни надзори во делот на увозот, дистрибуцијата и употребата на фитофармацевтските средства, односно надзорот се врши при увоз, на граничните премини, во складиштата и Земјоделските аптеки, како и кај крајните корисници – индивидуалните земјоделски производители. Фитофармацевтски производи кои содржат активна материја Methomil се забранети за увоз, продажба и употреба, а доколку се затекнат вакви производи кај споменатите субјекти се преземаат соодветни санкции.Исто така се вршат контроли и кај индивидуалните производители за видот на фитофармацевтските производи кои ги користат , како и начинот на апликација, за што секој производител согласно законските прописи е должен да води соодветна евиденција.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.