Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама
Косовската полиција соопшти дека во неделата уапсила државјанка на Северна Македонија, под сомнение за измама, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека осомничената измамила лице во врска со одредена исплата на 12 јули во градот Подујево.
„На 25.08.2024 година, уапсена е осомничена жена, државјанка на Северна Македонија, која ја измамила жртвата од машки пол, Косовар, во врска со исплата“, се вели во соопштението.
По налог на надлежен обвинител, на осомничената ѝ е одредена мерка притвор.
26.08.2024 - 12:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа