Close Menu
    Најново

    Петрушевски: На повидок нов раскол во СДС

    17.12.2025 во 15:43

    Протекоа детали за новиот план за Украина: Ако Русија повторно нападне, Америка ќе возврати со смртоносна сила од далечина

    17.12.2025 во 15:28

    Јаневска: Во 2026 година издвојуваме рекордни 773 милиони денари за наука

    17.12.2025 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Петрушевски: На повидок нов раскол во СДС
    • Протекоа детали за новиот план за Украина: Ако Русија повторно нападне, Америка ќе возврати со смртоносна сила од далечина
    • Јаневска: Во 2026 година издвојуваме рекордни 773 милиони денари за наука
    • Николовски од Брисел: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија
    • Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Тигањ: Хрватска е значаен партнер за развојот на Скопје
    • ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака
    • Муцунски од Брисел: ЕУ ги препозна реформите, но недостасува добра волја кај Софија
    • Се повлекува формула за бебиња „Аптамил“ поради присуство на бактерија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.