Close Menu
Press24
    Најново

    Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци

    28.07.2026 во 15:06

    Тинејџер се шетал со пиштол во Скопје – полицијата го приведе

    28.07.2026 во 14:50

    Разделувал во тепачка, го избоделе со нож: Млад скопјанец итно пренесен на Клиника

    28.07.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
    • Тинејџер се шетал со пиштол во Скопје – полицијата го приведе
    • Разделувал во тепачка, го избоделе со нож: Млад скопјанец итно пренесен на Клиника
    • Комисија за заштита на конкуренцијата: Извештајот на државната Ревизија е за работата на претходниот состав
    • Кузеска: Документ за Гостивар сѐ уште нема, а водата е опасна и во повеќе други места во земната 
    • Мицкоски: Во понеделник ќе се знае за мерките за горивата, следната недела очекувам значајно поевтинување
    • Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости
    • Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува здравствен надзор за хепатит А и Е!
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија се сеќава на загинатите херои: 11 години Диво Насеље

    Македонија се сеќава на загинатите херои: 11 години Диво Насеље

    09.05.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во престрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

    Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

    Во организација на синдикалната организација на Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) при СВР Куманово, денот на сеќавање ќе започне со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“, каде ќе биде оддадена почит за загинатите припадници на полицијата. Ќе следи полагање цвеќе пред спомен – обележјето во кругот на СВР Куманово. Комеморативните активности ќе продолжат со меморијален турнир во мал фудбал под мотото „Хероите живеат вечно“, кој ќе започне во 12:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“. Во рамки на настанот ќе биде спроведена и хуманитарна акција за поддршка на полицискиот службеник. Активностите продолжуваат и во недела, кога во организација на Патриотско друштво ќе се одржи 11. Меморијален велосипедски круг.

    Два дена Куманово живееше во страв и неизвесност кога во густо населената населба „Тоде Мендол“, попозната меѓу граѓаните како „Диво насеље“, одекнуваа престрелки со различен интензитет. Населбата беше целосно блокирана од безбедносните сили, жителите се евакуираа од своите домови, а хеликоптери постојано го надлетуваа градот.

    Граѓаните на Куманово и денес се сеќаваат на тие драматични денови, со порака дека ваков трагичен настан никогаш не смее да се повтори. Стравот, неизвесноста и загубите што ги донесе „Диво насеље“ оставија длабока трага кај кумановци

    Прочитај повеќе

    Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци

    28.07.2026 во 15:06

    Тинејџер се шетал со пиштол во Скопје – полицијата го приведе

    28.07.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.