Утрово најниски температури од -6 степени се измерени во Скопје-Петровец и Берово, информираат од УХМР.

Измерените минимални температури во другите градови се:

  • -5 степени: Битола и Демир Капија.
  • -4 степени: Тетово и Струмица.
  • -3 степени: Прилеп, Штип и Кавадарци.
  • -2 степени: Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Маврови Анови.
  • Само Гевгелија, Крушево и Попова Шапка се над нулата со 1 степен.

Во текот на утринските и претпладневните часови се очекува појава на магла на повеќе места. Денот ќе биде сончев со мала локална облачност и слаб северозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладнето во делови од котлината ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 7 степени.

Exit mobile version