Македонија се искачи на четврто место во светот по број на починати од коронавирус

Бројот на македонски граѓани кои починале од коронавирус, заклучно со денешната статистика надмина 6.000 каде се искачивме на уште повисоко место на листата на „Worldometers“.

 

Во моментов Република Северна Македонија е на загрижувачко четврто место во светот по број на граѓани починати од коронавирус.

 

Досега во Македонија се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.

До вчера бевме на 5-то место по смртност, со овој број на починати лица, се качуваме на една позиција погоре на црната листа.

03.09.2021 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега