Македонија на врвот по бројот на новозаразени во Европа

Македонија е на врвот по бројот на новозаразени од коронавирусот во Европа на еден милион жители.

Според податоците на „Worldometers“, Македонија има 93,1 случај на еден милион жители.

Веднаш зад нас се Молдавија и Белорусија со 90,7, односно Русија.

Земјите од регионот се далеку пониско рангирани од Македонија. Па така, Албанија регистрира 16,7 случаи на милион жители, Бугарија 10,8, Србија 8,7, Словенија 1, а Грција и Хрватска под еден нов случај.

Податоците кои ги објави Рефлектор се однесуваат на вчерашниот ден. За потсетување, Министерството за здравство вчера регистрираше 196 новодијагностицирани, а 8 лица ја загубија битката со коронавирусот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа