Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти
    • Костадинов: Подготвен сум да одговорам за секоја своја одлука
    • Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Скопје
    • Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите се кренаа против владеењето на Еди Рама
    • Нов удар врз европската економија: Еврото падна на најниско ниво во последните 16 месеци
    • Украина нападна руска радарска станица вредна околу 100 милиони долари
    • Во среда се очекува да започне вакцинацијата против сезонски грип
    • Германските служби за вработување бараат Владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија на Самитот на НАТО: Во Анкара отпатува највисока државна делегација

    Македонија на Самитот на НАТО: Во Анкара отпатува највисока државна делегација

    07.07.2026 во 08:112 Mins Read
    Министерство за Одбрана
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Анкара денеска и утре се одржува Самитот на Северноатлантската алијанса, на кој Северна Македонија ќе учествува со висока државна делегација.

    Делегацијата ја предводи претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, а во неа се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    Од Министерството за одбрана информираат дека учеството на самитот е можност за размена на ставови за актуелните безбедносни предизвици и за јакнење на сојузничката соработка во рамки на НАТО.

    На претстојниот Самит фокус ќе бидат неколку значајни теми меѓу кои и инвестициите наменети за одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Украина.

    Министерот Мисајловски во рамки на Самитот ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија; приемот за министри за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер и на церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe).

    Во Анкара министерот ќе оствари повеќе работни средби со неговите колеги министри за одбрана на сојузничките земји и ќе учествува на работниот состанок на  Северноатлантскиот Совет со партнерите од Индо-пацифичкиот регион (Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја).

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти

    16.10.2026 во 19:16

    Костадинов: Подготвен сум да одговорам за секоја своја одлука

    16.10.2026 во 18:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.