Македонија на петто место според растот на број на странски туристи за 2021 година

Македонскиот туризам лани забележа одлични резултати. Според најновите статистики на Светската туристичка организација, земјава регистрирала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139 отсто со што се најде на 5. место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи меѓу кои се и Црна Гора, Кипар, Малдиви и БиХ, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Јаневски на прес-конференција соопшти дека минатата година сме ја завршиле со одлични бројки.

-Во периодот јануари – декември бројот на туристите е зголемен за 50,3 отсто во однос на истиот период претходната година. Кај домашните туристи има зголемување за 16,9 отсто, а кај странските за 148,7 проценти. Бројот на ноќевањата е зголемен за 36,3 отсто и тоа кај домашните туристи за 13,7, а кај странските за 165,1 процент, информира директорот.

Топ пет туристи кои ја посетиле земјава лани се од Србија, Турција, Полска, Албанија и Косово.

-И годинава ја почнавме со позитивни резултати. Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани забележавме зголемен број на туристи за 34,7 отсто. Кај домашните туристи растот е 13,3, а кај странските 66,2 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевања за 30,9 проценти, кај домашните гости за 14,6, а кај странските за 54,1 отсто, нагласи Јаневски.

Негова оценка е дека годинава ќе ја завршиме со 2,5 милиони ноќевања и ќе оствариме над 400 милиони долари прилив.

14.04.2022 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега