Времето утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Во недела ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Следните денови минималните утрински температури ќе паднат до 4 степени додека дневните ќе достигнат 27 степени.

Exit mobile version