Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски го следат речиси девет милиони луѓе, а тој следи само една личност – еве за кого станува збор

    25.11.2026 во 10:51

    ВМРО-ДПМНЕ најавува повисоки пензии во 2027

    25.11.2026 во 10:50

    Го наполнил камионот и мислел дека ќе ги измами македонските цариници – Спречен шверц на „Богородица”

    25.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски го следат речиси девет милиони луѓе, а тој следи само една личност – еве за кого станува збор
    • ВМРО-ДПМНЕ најавува повисоки пензии во 2027
    • Го наполнил камионот и мислел дека ќе ги измами македонските цариници – Спречен шверц на „Богородица”
    • „Создаваме решенија што траат“ – Божиновска го отвори првиот Форум за енергетска дипломатија
    • „Ниту една повеќе“ – Протест против насилството врз жените во Скопје
    • Пожар избувна во училиште во соседството
    • Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија
    • Опасна инфекција се шири во Унгарија: 26 фетуси починале во матката, а пет новороденчиња по раѓањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија го одбележува Илинден: Државни чествувања во Крушево, Скопје и Пелинце

    Македонија го одбележува Илинден: Државни чествувања во Крушево, Скопје и Пелинце

    02.08.2026 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, кои претставуваат двата најзначајни настани за македонската државност.

    Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде што ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.

    Одбележувањето започнува со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, по што ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“.

    На народниот собир на Мечкин Камен ќе се одржи церемонија на положување цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република, а програмата ќе продолжи со настап на ансамблот „Танец“.

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на свеченоста во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“, а ќе положи цвеќе и пред спомениците на Никола Карев и АСНОМ.

    Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце, каде што се одбележува 82-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

    Традиционално, во селото Трново ќе се одржи 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

    Илинденското востание започнало на полноќ спроти Илинден 1903 година кога околу 800 востаници го ослободиле Крушево. Крушевската Република траела десет дена под раководство на Никола Карев, пред да биде угушена од 18-илјадна османлиска војска.

    Четириесет и една година подоцна, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ под претседателство на Методија Андонов-Ченто, со што е потврдена македонската државност и е конституиран македонскиот јазик како службен.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ најавува повисоки пензии во 2027

    25.11.2026 во 10:50

    Го наполнил камионот и мислел дека ќе ги измами македонските цариници – Спречен шверц на „Богородица”

    25.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.