Close Menu
    Најново

    Татко и син го извршиле нападот во Сиднеј – убиецот ја повикал мајка си пред да пука, еве што и рекол: Детали за масакрот

    15.12.2025 во 13:00

    Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

    15.12.2025 во 12:50

    Ѓорѓиевски на средба со амбасадорката на Израел: Претставена визијата за развој на Скопје

    15.12.2025 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Татко и син го извршиле нападот во Сиднеј – убиецот ја повикал мајка си пред да пука, еве што и рекол: Детали за масакрот
    • Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција
    • Ѓорѓиевски на средба со амбасадорката на Израел: Претставена визијата за развој на Скопје
    • Времето до крајот на седмицата: Утрински мраз и магла, дневни температури до 13°C
    • (ВИДЕО) Се појави уште еден херој од Сиднеј: Ги оставил бремената сопруга и двете деца, се стрчал кон напаѓачот, но полицијата го застрелала по грешка
    • „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот
    • Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош
    • Ако ги оставите светлата за магла вклучени a нема магла, полицијата ќе ве казни
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    15.12.2025 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.