Македонија денеска ја зафаќа бран на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од источен правец.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, максималните дневни температури во земјава ќе се движат во интервал од 13 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува слична временска прогноза. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Термометарот во главниот град ќе се искачи од минимални 20 до максимални 38 степени.
Синоптичарите најавуваат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, ваквиот тренд ќе продолжи до средината на следната седмица. Времето ќе остане сончево и многу топло, со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, а во одредени места ќе достигнат и до 39 Целзиусови степени. Високи вредности ќе се забележат и во текот на ноќта.
Промена на синоптичката слика се очекува од среда, кога синоптичарите прогнозираат мал пад на температурите и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


