Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство”, во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица

На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско.

На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Exit mobile version