Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања.
„Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф.
Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја.
„ Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина“, подвлече тој. На истиот панел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Северна Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми.
Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.
- Цветановски: Две години со Тошковски имаме распад на безбедносниот систем и партизирана полиција
- Новитет во соседството: Вработените ќе добиваат продолжен викенд секој месец
- Николоски: Со автопатот Прилеп – Битола патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа
- Франција регистрираше 1.000 мртви од најсилниот топлотен бран во Европа
- Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на УНЕСКО: Потребен е поголем ангажман за Охридскиот регион
- Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи
- Младеновска: Наместо парите да одат во пензии, плати, здравство, образование, тие завршуваат во џебовите на партиски послушници
- Хорор ја потресе Македонија: Пријавил дека му исчезнала сопругата, па ја нашол мртва кај Летевци – полицијата го приведе


