Close Menu
Press24
    Најново

    Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонецот го призна убиството – ја убил сопственичката на куќата во која живеел и ја посочил локацијата каде ја закопал

    Македонецот го призна убиството – ја убил сопственичката на куќата во која живеел и ја посочил локацијата каде ја закопал

    22.06.2026 во 15:583 Mins Read
    AI Generated
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Против осомничениот сторител е формиран предмет за кривично дело убиство со умисла, што денеска беше доставен до Основното јавно обвинителство во Ханија, по што ќе следуваат предвидените судски постапки, информираше директорот на полицијата во Ханија Канелос Николау за убиството на 45-годишната Гркинка, кое го стори и призна 43-годишен македонски државјанин.

    Николау, заедно со генералниот полициски директор на Крит, Георгиос Ду̀кис, денеска излегоа со детали околу истрагата за расчистување на убиството на Ставрула Левендаки објаснувајќи дека станува збор за исклучително сложен случај, бидејќи исчезнувањето на жената било пријавено на 8 јуни 2026 година, а истрагата утврдила дека таа исчезнала уште на 30 мај, со што полициските активности започнале речиси десет дена по нејзиното исчезнување, „што дополнително ја отежна истрагата и создаде сериозни предизвици во пронаоѓањето и обезбедувањето на важни докази“.

    Соочен со непобитните докази што беа собрани, обвинетиот го призна делото и на полицајците им го укажа точното место каде што го пренел и скрил телото на жртвата, на приватна земјоделска парцела во областа Ватилакос кај Ханија. Веднаш беше организирана операција за истрага на посочената локација, во присуство на форензичар и специјализирани екипи. За време на ископувањето, беше пронајдено телото на жртвата, закопано во земја, завиткано во повеќе кеси и врзано со пластични стеги, целосно потврдувајќи го доказите собрани во текот на предистражната постапка, објасни директорот на полицијата во Ханија и додаде дека за денеска е закажана обдукција на телото со цел да се утврдат точните причини за смртта.

    Зад убиството стои 43-годишниот М.Л. со македонски пасош, кој повеќе години живее и работи на Крит и нема криминално досие, а бил потстанар во куќата на убиената и последниот кој ја видел, со што во изминатите денови беше и главниот осомничен. Според информациите, тој во претходните денови негирал поврзаност, па дури и давал изјави за медиумите префрлајќи ја вината врз други лица.

    Во однос почетокот и текот на истрагата, Николау објасни дека особена тежина била дадена на процената и проверката на сведочењата со детална реконструкција на хронологијата на настаните, при што почнале да се издвојуваат суштински противречности во изјавите на потстанарот. Полицајците паралелно анализирале голем број видеоматеријал од безбедносни камери, а клучна била истрагата во домот на сторителот од каде што биле откриени дамки од крв на различни места.

    Генетскиот материјал изолиран од трагите беше идентификуван како женски и преку споредбена анализа со примероци од родителите на исчезнатата, со исклучително висок степен на сигурност произлезе дека припаѓа на Ставрула Левентаки. Комбинираното користење на сведоштвата, телекомуникациските податоци, резултатите од криминалистичката истрага, лабораториските ДНК анализи и видео-материјалот ѝ овозможи на полицијата да формира целосна, кохерентна и целосно поткрепена доказна рамка, информираше директорот на полицијата во Ханија.

    Обвинетиот уште од петокот вечерта е уапсен и задржан во полиција во рамки на друга кривична постапка што се однесува на незаконско одгледување насад со канабис и предвидено е утре да биде изведен пред надлежниот истражен судија.

    Генералниот полициски директор на Крит Георгиос Ду̀кис, нагласи дека беше расчистена „особено тешка истрага за исчезнување, која, како што на крајот се покажа, претставувала кривично дело“.

    Пораката е јасна: ниту еден криминал не останува без истрага. Ниту еден сторител не може да биде над законот и правдата, порача Дукис.

    Прочитај повеќе

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55

    Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес

    31.10.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.