Вчера во 01:15 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А.(33) од Тетово, затоа што при гранична контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“ кое го управувал е предмет на потрага од Интерпол Германија, односно било пријавено за украдено.

Возилото е одземено и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version