Close Menu
Press24
    Најново

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за директорот: Зел 50.000 евра за да влијае врз судија

    20.03.2026 во 11:57

    СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи

    20.03.2026 во 11:55

    Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина

    20.03.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јавното обвинителство поднесе обвинение за директорот: Зел 50.000 евра за да влијае врз судија
    • СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи
    • Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина
    • Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот
    • Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите
    • Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам: „Да бидеме луѓе на мирот и правдата“
    • Променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер
    • Официјално започнува пролетта: Денот сè подолг, времето променливо облачно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите

    Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите

    20.03.2026 во 10:432 Mins Read
    ФОТО: Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија е во благ пораст и моментално изнесува 81,5 години,додека во Северна Македонија тој просек е понизок и изнесува 76,6 години. Најновите податоци на Еуростат и домашниот Државен завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека и покрај падот предизвикан од пандемијата на ковид-19, животниот век кај населението постепено закрепнува.

    Според податоците на Еуростат за 2024 година, просекот во ЕУ бележи зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година, со што се надминати претпандемиските вредности од 2019 година (81,3 години). Во Македонија,според Статистичкиот годишник за 2025 година, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 година изнесува 76,63 години. Ова претставува раст од 1,3 години во споредба со претходниот период (2021-2023), кога земјава забележа сериозен пад на 75,32 години како директна последица од корона-кризата.

    Жените живеат подолго од мажите Статистиката потврдува дека жените во просек живеат подолго од мажите,тренд кој е присутен и во ЕУ и кај нас. На ниво на Унијата, жените се очекува да живеат 84,1 години, а мажите 78,9 години – што е разлика од 5,2 години. Во Македонија, овој родов јаз изнесува 4,4 години (78,86 години за жените наспроти 74,48 години за мажите). Интересно е што во ЕУ овој јаз е најголем во Латвија (дури 9,8 години во корист на жените), а најмал во Холандија (само 2,8 години).

    Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко На регионално ниво во Европа, граѓаните на шпанскиот регион Комунидад де Мадрид се апсолутни рекордери со очекуван животен век од 85,7 години. Зад нив следат италијанските региони Тренто и Болцано, како и шведскиот Стокхолм (сите со по 85,0 години). На спротивната страна од табелата, меѓу петте европски региони со најкраток животен век, дури три се наоѓаат во соседна Бугарија, при што Северозападниот регион има просек од само 73,9 години.

    Популарно

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за директорот: Зел 50.000 евра за да влијае врз судија

    20.03.2026 во 11:57

    СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи

    20.03.2026 во 11:55

    Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина

    20.03.2026 во 11:00

    Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот

    20.03.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.