Close Menu
Press24
    Најново

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мајката на Фросина со потресни зборови: „Би ги дала сите утра за да те пречекам дома”

    Мајката на Фросина со потресни зборови: „Би ги дала сите утра за да те пречекам дома”

    05.10.2026 во 11:372 Mins Read
    Фросина Кулакова, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мајката на Фросина Кулакова, младата девојка која беше прегазена на „Партизанска” во Скопје, напиша потресен статус за својата ќерка. Камелија Кулакова напиша дека 612 дена ја учи тишината.

    -612 дена ја учам тишината.

    Сè уште не знам како се живее во неа.

    Понекогаш рацете ми се зафатени со нешто обично и за миг заборавам да го очекувам невозможното. Во тој миг ти си само излезена. Некаде создаваш, некому му помагаш, некого го смееш. Ќе дојдеш дома.

    Потоа се сеќавам.

    И повторно останувам без тебе.

    Пред твоите слики го долевам маслото во кандилцата. Тоа можам. Можам да се погрижам пламенот да не згасне.

    А толку нешта не можев да сочувам.

    Во мене уште живее една вечер што никогаш нема да се случи. Твоја ревија. Твоето име. „Аре у кул“. Јас во публиката, те барам со поглед и чекам да излезеш на крајот. Аплаудирам додека ме заболат дланките.

    Колку живот имаше пред тебе, дете мое.

    Сега го носам во себе и она што го живееше и она што не ти беше дадено да го живееш.

    Твојата топлина остана во многу туѓи денови. Беше таму кога некому му требаше рака, утеха, време. Сакам да верувам дека некаде, во тие животи, сè уште има место со твојот облик.

    Понекогаш толку ми треба оттаму да допре твоето име.

    Еден спомен што јас не го знам.

    Една мала приказна во која повторно се смееш.

    Да можам за миг да те сретнам и надвор од мојата болка.

    Фросина моја, убавино моја.

    Кандилцата светат.

    А јас би ги дала сите преостанати утра

    за уште еднаш да те дочекам дома, напиша таа.

    Фросина имаше 22 години и беше усмртена на 29 јануари 2025 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Во март 2026 година, Врховниот суд ја потврди казната од 13 години затвор за Васил Јованов.

    Според судските наоди, возачот Васил Јованов управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со брзина од 91 километар на час, и поминал на црвено светло, додека Фросина го преминувала булеварот на зелено.

    По нејзината смрт, граѓаните излегоа на протести со барања за правда и побезбедни улици. Нејзиното семејство подоцна ја основаше Фондацијата „Фросина Кулакова“, со цел да придонесува за поголема безбедност во сообраќајот и поддршка на семејствата погодени од сообраќајни трагедии.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.