Мадона сака да се сретне со папата

Поп-кралицата на музиката Мадона рече дека сака да се види со папата за да може да разговараат за важни работи. Рече дека се надева дека и папата ќе има време за да се состане со неа и напиша дека била добра католичка и дека не пцуела.

Мадона не потенцираше за што точно сака да зборува со папата, но само навести за што би можело да станува збор. Неодамна во шоуто на Џејмс Корден рече дека била екскомуникацирана три пати од страна на Католичката црква.

„Дали би било можно да се сретнеме еден ден за да разговараме за некои важни работи? Бев екскомуницирана три пати. Не ми изгледа фер“, рече Мадона.

Таа призна дека не се исповедала неколку децении.

Не е јасно дали пејачката и добитник на Греми е сериозна. Сепак, во текот на нејзината кариера Мадона ги искористи контроверзите што го поттикнаа нејзиното разбирање за теми како што се сексот, истополовите врски и христијанската симболика.

Кога дојде во Италија во летото 1990 година како дел од нејзината трета концертна турнеја за промовирање на четвртиот студиски албум „Како молитва“, тогашниот папа Јован Павле Втори ги повика христијаните да не одат на концерти, нарекувајќи ја нејзината турнеја една од најсатанистичките во историјата на човештвото.

Мадона тогаш го навлече гневот на црквата и по нејзиниот настап во Рим во 2006 година, кога што беше распната на сцената како дел од нејзиниот настап. Папата Франциско сè уште не одговорил на поканата на Мадона за средбата.

06.05.2022 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега